Published: Saturday, July 25, 2015 10:11
Грција упати официјално барање до Меѓународниот монетарен фонд за нов заем, и тоа во момент кога претставници на грчката Влада рекоа дека во текот на денот Атина ќе почне преговори со кредиторите за одобрување 86 милијарди евра вреден пакет помош за Грција, јавува Танјуг.
– Би сакале да ве известиме дека бараме нов заем од Меѓународниот монетарен фонд, најавил министерот за финансии на Грција Еуклид Цакалотос, во допис до Кристин Лагард.
ММФ бара грчкиот товар од долгот да биде намален на одржливо ниво, но таквиот предлог на Фондот наиде на противење на европските партнери.




