Published: Saturday, July 25, 2015 11:48
Според рускиот премиер Дмитриј Медведев, Европа е таа која треба да ја стопира војната на санкции. Во интервју за Словенечката радио и телевизија, тој изјавил дека овој процес не е започнат од Русија.
Тој смета дека трговските односи и добрите односи меѓу земјите, меѓу народите и меѓу луѓето треба да надминува политички ограничувања.
Mедведев посочи дека за намалувањето на прометот помеѓу Русија и Словенија и помеѓу Русија и ЕУ има две причини. Првата е конкурентска-економија, но другата е поврзана со воведување на санкции против Русија и соодветни контрамерки на Москва. Тој нагласил дека не може да го прифати ова за нормално, бидејќи е поврзано со политичките одлуки и како целина е лошо за земјите.



