Во текот на минатата ноќ, турски тенкови гранатирале село кое било под контрола на курдските сили на северниот дел од Сирија. Најмалку четворица бунтовници биле повредени кои заедно со Курдите се борат против ИСИС.
„Гранатите од турските тенкови биле насочени кон селото Зур Магхар, кое го контролира Единицата за заштита на курдскиот народ“, соопшти Сириската опсерваторија со седиште во Лондон.
Како што соопшти директорот на Опсерваторијата, четворицата повредени борци не биле припадници на Единицата на Курдите, туку членови на бунтовничките сили кои се борат заедно со Курдите против ИСИС.
Зур Магхар се наоѓа во провинцијата Алепо долж границата со Турција.
Сега, со последните напади, Единицата за заштита на курдскиот народ стана мета и на Турција и на Исламската држава.
Причинината што Турција нападнала кон најефикасните борци против ИСИС, е поради тоа што истата организација соработувала со ПКК, организација која Турција ја смета за терористичка.
Воздушните напади кои Турција ги покрена против ИСИС и бунтовниците на ПКК може да ја променат рамнотежата во Сирија и Ирак, оценува премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу.
Во разговор со новинарите, тој информирал дека Турција нема намера да испрати копнена единица да се бори против ИСИС, не сепак потенцирал дека не сака џихадистите да бидат близу границите на неговата земја.
Анадолија пренесува дека турската војска утрово извршила рација во предградие на Анкара при што уапсила 15 луѓе осомничени за тероризам, меѓу кои имало и странски државјани.




