Published: Monday, July 27, 2015 16:19
Европски претставници пристигнале во Атина на преговори за третиот финансиски пакет со грчката влада, објави портпаролот на ЕК.
Екипи од кредиторите во Атина започнале со работа веднаш, изјавила портпаролката Мина Андреев на брифинг во Комисијата.
Грција откако доби кредит од 7 милијарди евра од ЕУ за да избегне банкрот преку отплата на придонесите за „ЕЦБ“ овој месец, премиерот на Грција, Алексис Ципрас бараше разговорите да завршат пред 20 август, кога Атина мора да и плати уште 3,2 милијарди евра кон „ЕЦБ“.
Од друга страна, земјата во септември треба да плати кон Меѓународниот монетарен фонд сума од 1,5 милијарди евра.




