Рускиот претседател Владимир Путин смета дека Сеп Блатер заслужува Нобелова награда за начинот на кој ја водел Светската фудбалска федерација ФИФА.
Блатер во саботата рече ФИФА донела резолуција со која се дава целосна поддршка за организацијата на Светското првенство во 2018 година во Русија.
„Сите знаеме каква ситуација во моментов се развива околу Блатер. Не сакам да навлегувам во детали, но не верувам во ниту еден збор за наводна негова вмешаност во корупција. Мислам дека лицата, како што е и Блатер, заслужуваат посебно признание. Ако било кој заслужува Нобелова награда, тоа се тие луѓе, шефовите на големите интернационални спортски федерации“, изјави Путин.
Блатер најави дека во февруари 2016 се повлекува од претседателската функција, поради корупцијата во ФИФА, но и правосудните органи на некои други земји.
Против неколку функционери на ФИФА се подигнати обвиненија, но не и против Блатер кој негира било какво негово противзаконско работење.




