Судот во Либија ги осуди синот на Моамер, Саиф ал-Ислам Гадафи, и уште осум негови соработници на смртна казна поради воени злосторства сторени во текот на бунтот во 2011 година кога по децениско владеење беше соборен тогашниот либиски претседател.
Судот во Триполи, во кои е сместена една од двете влади составена од сојузот на милициите меѓу кои се и исламистичките и која не ја признава меѓународната заедница, го осуди на смрт и последниот премиер од времето на владеењето на полковникот Моамер ел-Гадаф, Багдади ал-Махмуди и неговиот поранешен директор на разузнавачката служба Абдулах Сенуси.
Другите обвинети добиле казни од пет години до доживотни затворски казни.
Саиф ал-Ислам е во градот Зинтан, каде што го држи поранешна бунтовничка група којашто одбива да го предаде.
BBC објавува дека осудените ќе имаат право на жалба.




