Кај францускиот остров Раиунион во западниот дел на Индискиот Океан, пронајден е остаток од авион, а неименуван американски претставник вели крилото е сигурно од моделот 777.
Со оглед на тоа дека не е исчезнат ниеден друг авион од овој тип и ако се потврди дека најдениот дел му припаѓа на овој модел, ќе биде речиси сигурно дека тој е од авионот што исчезна на 8 март 2014 година, со 239 луѓе, од Куала Лумпур до Пекинг.
Заменик министерот за сообраќај на Малезија, Абдул Азиз Каправи, денес рече дека е “речиси сигурен” оти предметот е од исчезнатиот “Boeing 777” на “Malaysia Airlines”.
Експерти за авионски несреќи денес заминале кон Реинион, за да ги утврдат сомнежите. Два метри долгиот предмет, кој изгледа како дел од крило на авион, бил пронајден вчера од луѓе кои чистеле плажа на островот.
Тоа откритие поттикнало надеж во Малезија и ширум светот, дека би можела да биде решена најголемата мистерија во авијацијата.

Авионот “MH370”, кој патуваше од Куала Лумпур до Пекинг со 239 патници, исчезна над Јужното кинеско море, откако необјасниво скршнал од зацртаната рута.
Властите веруваат дека се урнал во Индискиот океан, но засега нема физички докази за тоа.




