Малезија предложи Резолуција во Обединетите Нации со барање да се креира посебен суд кој за да се утврди вистината и одговорноста за падот на авионот на Малезија Еарлајнс МХ17 во Украина во 2014 година во кој загинаа 298 лица од кои мнозинството биле Холанѓани.
Русија стави вето за оваа Резолуција.
Оваа иницијатива ја поддржаа Велика Британија, Франција и САД кои ги обвинуваат украинските проруски бунтовници дека пукале во авионот со ракета која ја добиле од Москва и го урнале.
Русија демантира дека е на било кој начин вовлечена во оваа трагедија и тврди дека вината ја носи украинската армија. Според Москва, истрагата не треба да биде политизирана:
“Само независна и објективна истрага може да дозволи да се утврди одговорноста. Истрагата не треба да биде политизирана”, изјави портпарол на руската влада. Според него, Русија повеќе пати испратила прашања во лицата кои ја водат истрагата и побарала да учествува во неа.
“За жал, никогаш не добивме одговор на нашите прашања околу околностите на трагедијата”, вели тој и додава дека Русија ќе стори се за да се утврди вистината.
На 17 јули 2014 година, по падот на авионот, Советот за безбедност усвои едногласно Резолуција во која се бара одговорност од оние кои се виновни за трагедијата и целосна соработка на сите земји. Русија го даде својот глас за оваа Резолуција.




