Со Молотов коктели, израелски доселеници подметнаа пожар во една куќа во палестинското село Кафр Дума, во близина на Наблус. Во пожарот што избувнал животот го загуби 18месечно бебе додека таткото, мајката и братот се наоѓаат во болница со тешки повреди.
Четворицата еврејски доселеници на ѕидовите на една од куќите напишале на хебрејски “одмазда” и ја нацртале Давидовата ѕвезда.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го осуди нападот и рече дека Израел ќе го најде сторителите на ова злострорство и ќе изведе пред лицето на правдата.
„Ова е терористички чин во секој поглед. Државата Израел зазема остра позиција кон тероризмот, без оглед на сторителите“, напиша израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Twitter.
Нетанјаху порача дека на израелските безбедносни сили им е наредено „да ги употребат сите средства за да ги пронајдат убијците“.
Ова е една од ретките осуди на напад што го извршиле Израелци врз Палестина.
Јасната осуда не ги смири страстите во Палестина. Палестинските власти во петок соопштија дека израелската држава „во целост е одговорна“ за смртта на 18 месечно бебе во пожарот а избувнаа и протести во кои илјадници Палестинци бараа одмазда.




