Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николиќ: Договорот со Приштина е „на дофат“

0
By Нова ТВ on March 14, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 14, 2013 15:53

Српскиот претседател Томислав Николиќ, по состанокот на државниот врв со високата претставничка на ЕУ за безбедност и надворешна политика Кетрин Ештон, изјави дека договорот со Приштина е „на дофат” и дека дијалогот продолжува во Брисел на 20 март.

Тој додава дека се уште нема договор за заедницата на српски општини, но дека е оптимист и дека верува оти може да дојде до решение, како и дека во таа прилика ќе биде испочитувана Резолуцијата за Косово и Метохија на Собранието на Србија.

Николиќ наведе дека „никогаш не биле подблиску до договорот што ќе го уреди животот на Косово и Метохија и ќе овозможи сите што живеат таму да бидат заштитени, а Србите да живеат во рамки на својата заедница и да бидат поврзани со Србија”.

Премиерот Ивица Дачиќ беше поумерен во изјавите, додавајќи дека во овој момент нема договор, ниту, пак, ќе го има додека суштински не се разгледаат предлозите на Србија во врска со заедницата на српски општини.

Косовскиот премиер Хашим Тачи денеска, по средбата со шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон, изрази оптимизам во врска со можноста за потпишување на договор со Белград за нормализација на односите.

„Оптимисти сме околу оценката дека преговорите одат во добра насока. Очекуваме договор за општа нормализација на односите меѓу Косово и Србија”, рече Тачи пред новинарите.

Тачи појасни дека преговорите влегле во „последната фаза” и дека очекува да се дојде до договор не само за нормализација на односите меѓу двете држави, туку и дека очекува и нормализација на состојбата на северот на Косово каде што мнозинските Срби кои воспоставиле паралелни структури и не ја признаваат власта во Приштина.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
shortcut
ФОКУС
May 24, 2026

Њујорк Тајмс: САД и Иран постигнаа договор – конечната одлука треба да ја соопштат Трамп и иранскиот врховен лидер

ВЕСТИ May 24, 2026

Соединетите Американски Држави и Иран постигнале договор во принцип за ставање крај на конфликтот на…

Охрид: Македонија го одбележува Денот на сесловенските просветители

May 24, 2026

Белград: 100.000 граѓани на Славија – полицијата се пресметуваше со демонстрантите

May 24, 2026

Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче – да не се испушти ЕУ шансата

May 21, 2026
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.