Јавниот долг на Македонија заклучно со јуни, годинава изнесува 3,92 милијарди евра.
Надворешниот долг изнесува 2,61 милијарди евра, а внатрешниот долг 1,3 милијарди евра, покажуваат најновите податоци на Министерството за финансии.
„Во првиот квартал беше забележано умерено намалување на учеството на државниот долг во вкупниот јавен долг (на 82,6%), наспроти учеството на долгот на јавните претпријатија13, коешто веќе неколку квартали по ред бележи тенденција на раст, достигнувајќи 17,4%“, се вели во извештајот за макроекономските показатели на Народната банка.