Published: Monday, August 3, 2015 13:58
Денеска акциите на атинската берза паднаа 22,87 отсто, откако берзата беше отворена по пет недели пауза.
Најголемите грчки банки Пиреус Банка, Националната банка на Грција, Алфа банка и Еуробанка, се во пад од 30 отсто.
Берзата во Атина беше затворена на 29 јуни, заради што беше воведена контрола на капиталот за да се спречи колапс на банкарскиот систем.
Банките во меѓувреме се отворени, но е задржано ограничувањето за повлекување на пари.




