Владата вчера се задолжи со 4,4 милиони евра, што е двојно повеќе од првично планираните 2,2 милиони евра, објави 24Вести.
Дел од парите ќе треба да се вратат за една година, а дел во 2025, односно 2030 година. Операцијата се спроведе преку аукција на еден државен запис и две државни обврзници.
Во следните две недели на 9 и 16 месецов, државата во стопанството треба да врати долг од 7,9 милиони евра.
Заклучно со вториот квартал јавниот долг изнесува 43,7 % од бруто домашниот производ или речиси 4 милијарди евра.