Published: Thursday, August 6, 2015 13:02
Премиерот на Малезија, Наџиб Разак соопшти дека француските експерти потврдиле дека пронајдениот остаток на островот Реунион на Индискиот океан бил од малезискиот патнички авион МH370 што исчезна пред повеќе од една година.
Авионот се загуби од радарите над Јужното кинеско море еден час по полетувањето од Куала Лумпур за Пекинг на 8 март минатата година.
Доказите покажале дека авионот во кој имало 239 луѓе мистериозно го сменил курсот на летот.
Се очекува широка потрага во подрачјето околу Реунион со надеж дека ќе се најдат повеќе остатоци од истиот авион.




