Северна Кореја се префрла на нова временска зона, за да се одбележи ослободувањето од Јапонците на крајот на Втората светска војна, велат државните медиуми, како што пренесува Би-Би-Си.
Северна Кореја, во моментов е во иста временска зона како Јужна Кореја и Јапонија, кои се девет часа пред според зоната ГМТ.
Но, Пјонгјанг времето на часовниците ќе го стави назад за 30 минути на 15 август.
Државната новинска агенција КЦНА вели дека “злите јапонски империјалисти” ја имаа “лишено Кореја дури и од своето стандардно време” со промена на нова временска зона, за време на окупацијата.
Целиот корејски полуостров – тогаш една земја – беше 8,5 часа пред според зоната ГМТ додека Јапонија не го колонизираше во 1910 година.
Не постои меѓународно тело кое ја одобрува промената на временската зона на една земја ако земјите одлучат за себе.
Во 2011 година, Самоа ја промени својата временска зона, при што изгуби еден ден, со цел да се направи полесна комуникација со соседите, Австралија и Нов Зеланд.
Северна Кореја не е единствената земја која има создадено своја уникатна временска зона.
Во 2007 година, Венецуела одлучи да ги врати назад своите часовници за половина час, откако претседател Хуго Чавез сакаше да има “повеќе фер распределба на изгрејсонце” на жителите.




