НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ: Забрзување на напорите за поттик на економскиот раст

0
By Нова ТВ on March 15, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Челниците на Европската унија заклучија доцна синоќа дека е потребно да се забрзаат напорите за поттикнување на растот и вработувањето покрај истовременото продолжување на фискалната консолидација.

„Проекцијата на стагнацијата на економските активности во 2013 година и неприфатливото високо ниво на невработеност покажуваат колку е важно да се забрзаат напорите за поттикнување на растот продолжувајќи ја фискалната консолидација”, се вели меѓу другото во заклучоците коишто челниците на Европската унија ги прифатија по првиот ден од самитот кој продолжува и во петок.

Во заклучоците се додава и дека „посебно внимание треба да се посвети на поттикнувањето на вработувањето на младите и промоција на растот и конкурентноста”.

Претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј изјави на прес-конференцијата дека мора да се истрае на отстранувањето на причините коишто доведоа до кризата.

„Единствениот пат за излегување од кризата е да се продолжи отстранувањето на нејзините причинители. Околу тоа на маста имаше согласност”, рече вам Ромпуј.

Повтори дека треба да се биде истраен во четири нешта: воспоставувањето и одржувањето на финансиската стабилност, којашто е клучна за враќањето на довербата на потрошувачите и инвеститорите, осигурувањето на здравите јавни финансии, итната борба против невработеноста , особено кај младите за кои во некои земји ситуацијата е драматична, како и на реформите за долгорочниот раст и конкурентноста.

Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо на прес-конференцијата изјави дека Европската унија треба да продолжи со својата досегашна стратегија која „веќе покажува некои резултати”.

„Денес во споредба со периодот од пред една година еврото е постабилно и постојат знаци дека се враќа довербата”, рече Баросо.

По завршетокот на првиот дел на самитот на ЕУ, одвоено се сретнаа челниците на 17-те земји членки на еврозоната.

Во петок европскиот состанок на врвот продолжува со дебатата за односите меѓу Европската унија и Русија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025
ФОКУС

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

ВЕСТИ August 16, 2025

„Србија не може да се смири“ е новиот слоган на протестите ширум Србија вечерва. Тие…

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Собрание на Република Северна Македонија: Ништо од изменитене на Изборниот законик за процентот потписи за независни кандидати

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.