Published: Wednesday, August 12, 2015 17:40
Двајца борци на Курдистанската работничка партија (ПКК) и еден турски војник се убиени, а ранети се четворица војници и еден цивил во напад на милитантите врз воен објект во југоисточната провинција Дијарбекир, соопштија турски безбедносни извори.
Пред два дена беа нападнати и една полициска станица во Истанбул и Конзулатот на САД, а судирите во Турција во делот населен со Курди зачестија.
Во меѓувреме, турската армија ги интензивира воздушните напади врз упориштата на ПКК како во Ирак, така и во самата Турција. Од друга страна турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган порача дека кампањата против ПКК ќе продолжи „до последниот терорист“.




