Полицијата во градот Њујорк отвори истрага за смртта на 33-годишната Едина Хајнс, внука на холивудскиот актер Морган Фриман, којашто вчера беше избодена до смрт на улицата пред влезот на својот апартман во Менхетн. Осомничен е Ларан Девенпор, 30 години, за којшто полицијата верува дека и бил момче на Хајнс.
Едина Хајнс е всушност внука на неговата прва жена, но Фриман за неа секогаш зборувал како за своја вистинска внука. Во соопштението до јавноста тој напиша дека „светот никогаш нема да дознае колку е талентирана и колку многу има да му понуди“.
Пред неколку години американските таблоиди пишуваа дека Фриман и Хајнс биле во врска и дека дури сакале да се венчаат, се вели во денешниот напис на ББС. Тие ова жестоко го негирале, а Фриман додал дека тие гласини не само што се неточни, туку и се премногу болни за неговото семејство.




