Published: Wednesday, August 19, 2015 14:26
Српскиот премиер Александар Вучиќ, кој е и лидер на Српската напредна партија (СНС), вели размислува за распишување вонредни парламентарни избори во Србија, но дека конечната одлука се уште не е донесена, пренесуваа српските медиуми.
„Гледам дека лидерите на Демократската партија (ДС), Бојан Пајтиќ и на Партијата за демократска акција на Санџак (СДА) Сулејман Угљанин доста им се радуваат на изборите, па можно е нивната желба да биде исполнета“, рекол Вучиќ.
Поледните парламентарни избори во Србија беа во март минатата година, а коалицијата предводена од СНС и Вучиќ, победи освојувајќи 48 отсто од гласовите, односно 158 мандати во српскиот парламент.




