Published: Thursday, August 20, 2015 08:59
Грцијата денеска ќе ја добие првата уплата од мултибилионската помош од еврозоната во износ од 23 милијарди евра, а со дел од овие средства, односно со 3 милијарди ќе покрие рата од доспеан долг до Европската централна банка.
Грција доби зелено светло во средата за да почне со враќањето долгови и заживување на својата економија, откако министрите за финансии од еврозоната формално го одобрија третиот пакет од реформите за спас од 86 милијарди евра.




