Северна Кореја утрово исфрлила проектил кон Јужна Кореја, која возвратила и се подготвува за најлошото сценарио.
Медиумите од светот пренесуваат дека јужнокорејската војска била во состојба на готовс откако ги гранатирала пограничните позиции на севернокорејската армија.
Нема информации за жртви или поголеми штети, но Сеул издал наредба за евакуација на западот на корејскиот полуосторов.
Исто така, веднаш била свикана вонредна седница на Советот за национална безбедност на Јужна Кореја.
Јужнокорејската национална телевизија соопштила дека севернокорејската армија стрелала во пунктот од каде се емитува програмата против политиката на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун.
Северна Кореја претходно ја предупредила Јужна да ги стопира сите емитувања поврзани со нивниот лидер во наредните 48 часа, по што следел и нападот.




