Published: Friday, August 21, 2015 12:49
Критичарот на програмата за помош на Грција од редовите на „Сириза“, Панајотис Лафазанис, ќе креира нова партија и ќе се одвои од досегашниот премиер Алексис Ципрас, пишуваат грчките медиуми.
Оваа одлука на Лафазанис доаѓа откако Ципрас поднесе оставка и повика на свикување на предвремени избори на 20 септември.
Како причина за својата оставка, Ципрас го наведе несогласувањето во сопствената партија за време на гласањето во грчкиот Парламент за третата спасувачка програма, која беше одобрена поради гласовите на опозицијата.
Според грчките весници 25 пратеници од „СИРИЗА“ ќе создадат новото движење, кое ќе се вика „Леики Анотита“ или „Популарно единство“.




