Елиминиран е вториот човек по хиерархија во терористичката група ИСИС, пренесуваат медиумите од светот. Фазил Ахмад ал Хајал, или познат како Хаџи Мутаз, бил убиен при еден од воздушните напади на САД во Ирак неделава.
Информацијата ја потврди и Белата куќа.
Портпаролот на Советот за национална безбедност Нед Прајс информираше дека тој патувал со автомобил во близина на Мосул во северен Ирак, кога бил убиен на 18 август.

Хаџи Мутаз
Како прв заменик на лидерот на групата Абу Бакр ал Багдади, тој бил главен координатор за движењето на големи количества оружје, експлозиви, автомобили и луѓе меѓу Ирак и Сирија.
Портпаролот Прајс вели неговата елиминација претставува сериозен удар за ИСИС бидејќи бил одговорен за операциите на ИД, пред се за финансиите, медиумите, оперативната дејност и логистиката на групата.




