Published: Sunday, August 23, 2015 10:49
Мигранти влегуваат во автобуси во Гевгелија, фото Танјуг
Во текот на ноќта група од околу 2.000 мигранти пристигна во Прешево преку преминот Миратовац, а колоната бегалци е подолга од половина километар, јавува новинската агенција „Танјуг“.
Според известувачот на „Танјуг“ се работи за групата која синоќа го проби кордонот од македонската полиција на јужната граница со Грција. Бегалците велат дека во Србија влегле без никакви проблеми и дека немале проблеми со српската полиција.
Пред прифатниот центар во Прешево има огромна редица од бегалци, а Црвениот крст, УНХЦР и комесаријатот за бегалци делат храна, вода и средства за хигиена на бегалците кои ноќва пристигнале во Прешево.




