Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер отфрли повик за нова средба на врвот на Европската унија за имиграцијата и побара државите членки итно да ги применат договорите за прашањето.
Јункер во колумна објавена од Фигаро и германски Велт , пред средбата меѓу канцеларот Ангела Меркел и претседателот на Франција Франсоа Оланд во Берлин, ги повтори критиките кон европските влади за тоа дека не примиле мигранти од Италија и Грција каде десетици илјади се пристигнати преку морски пат во изминатите месеци за да избегнат војна и сиромаштија во своите држави.
– Немаме потреба за нова средба на врвот. Државите членки треба да прифатат европски мерки и да ги применат на своја територија, изјави Јункер.
Тој додава дека ЕУ треба да направи еден список со „безбедни држави” во кои мигрантите може да бидат вратени.




