Published: Tuesday, August 25, 2015 10:07
Соединетите држави во идната година би требало да примат до 8 илјади сириски бегалци, изјави портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби. Годинава, според него, тој број би изнесувал околу 2 илјади. Кирби додаде дека се разгледувале околу 15 илјади барања од Сирија што на Вашингтон му ги доставил УНХЦР.
Најмногу сириски бегалци се наоѓаат во Турција и Либан. УНХЦР проценува дека до крајот на годинава ќе има околу 4 милиони и 270 илјади бегалци кои ја напуштија Сирија од почетокот на војната во 2011 година и дека поголемиот дел од нив живеат во беда и сакаат да емигрираат во Европа.




