НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почина Маргарет Рид, истакната професорка и преведувачка

0
By Нова ТВ on August 25, 2015 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На 21 август 2015 година, на седумдесет и пет годишна возраст, во Единбург почина Маргарет Пеги Рид, истакната професорка по англиски јазик, преведувачка и лекторка.

Пеги Рид за првпат дојде во Македонија со сопругот Греам Рид во 1961 година, кога беа студенти на Кембриџ. По осум години, во 1969 година, Пеги започна да работи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ како лектор по англиски јазик, каде што мина речиси дваесет години од работниот век. Со безусловната професионална и лична посветеност на Катедрата за англиски јазик и книжевност, Пеги и Греам Рид придонесоа кон нејзиното воспоставување и обликување. Школувајќи илјадници студенти, Пеги Рид остави силен и неизбришлив отисок врз нивниот стручен развој.

Освен нејзината дејност при Катедрата за англиски јазик и книжевност, Пеги Рид предаваше на многубројни семинари по англиски јазик организирани од Британскиот совет и други домашни институции, работеше во Центарот за странски јазици во Скопје, а беше и испитувач по англиски јазик за странци на Универзитетот во Кембриџ. Заедно со колегите од Катедрата за англиски јазик и книжевност работеше на првиот телевизиски курс по англиски јазик на РТВ Скопје. Со Греам Рид помогнаа и при основањето на Центарот за англиски студии на Британскиот совет во склопот на НУБ „Св. Климент Охридски“.

По иницијатива на Пеги Рид, во соработка со британскиот експерт Тереза О’Брајан, Британскиот совет и подмладокот на Катедрата за англиски јазик и книжевност, таа покрена еден од најуспeшните проекти на Катедрата, проектот за Академско пишување, со што кадарот се обучи да предава пишување на универзитетско ниво, дејност која Пеги Рид дотогаш ја вршеше самостојно.

Во тандем со Греам Рид, како и со бројни истакнати преведувачи и книжевници, Пеги Рид работеше на превод и лектура на многубројни книжевни и стручни преводи. За својот придонес кон македонското преведуваштво, во 1973 година, Пеги Рид, заедно со сопругот Греам Рид, ја доби наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за преводот на „Сердарот“ од Григор Прличев, а во 1994 година беше наградена од Здружението на книжевни преведувачи на Република Македонија. Пеги Рид беше еден од клучните учесници во преведувачките работилници во рамките на Струшките вечери на поезијата. Меѓу нејзините последни преводи се вбројува и поезијата на Лидија Димковска и Никола Маџиров.

За придонесот кон јазикот и културата во Македонија, во 1996 година на Пеги Рид и’ е врачен Орденот на Британската империја МБЕ, а во 2005 година Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ја прогласи за Doctor Honoris Causa. По пензионирањето, во 2006 година Пеги Рид стекна македонско државјанство.

Заминувањето на Пеги Рид остава огромна празнина во професионалниот и личниот живот на нејзините многубројни соработници и пријатели, а и пошироко во македонската култура која толку посветено и активно ја промовираше.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ОН: САД го намалуваат финансирањето за мировните мисии, на цивилите им се заканува опасност

September 3, 2025

СЗО: Депресијата и анксиозноста ја чинат глобалната економија трилион долари годишно

September 2, 2025

Денови на европско наследство 2025 посветени на архитектурата

September 2, 2025

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025
ФОКУС

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

ВЕСТИ September 3, 2025

Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако…

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.