Двајца новинари биле застрелани и убиени додека известувале во живо, во источната американска држава Вирџинија.
Телевизискиот канал ВДБЈ7 соопшти дека Алисон Паркер и Адам Вард биле убиени во напад што се случил утринава, додека снимале интервју во областа Бедфорд.
„Не го знаеме мотивот“, рече генералниот менаџер на станицата Џефри Маркс, додавaјќи дека не знаат кој е убиецот и дека тој се уште е на слобода.
Според една локална телевизија во американската држава Вирџинија убиецот е поранешен вработен во истата телевизиска куќа.
Полицијата во драматична потера го стигнала осомничениот – Bryce Williams, кој го свртел пиштолот и си пукал во главата. Според последните информации, напаѓачот е мртов. Тој околу 6.45 часот изутрината испукал неколку куршуми додека новинарката Alison Parker (24) снимала интервју кое се пренесувало во живо на телевизијата WDBJ7 во градот Роаноук, убивајќи ја неа и снимателот Adam Ward (25).
Потресните снимки од пукањето, на кои се слушаат истрели, се појавија на интернет, а социјалните мрежи се преплавени со изрази на сочувство за овој насилнички чин.
Во 2015 низ светот биле убиени 39 новинари, но во земји кои се зафатени со војни и немири.




