Убиецот на новинарката и камерманот, 41-годишниот Вестер Л. Фланаган, своевремено исто така работел во истата ТВ станица под името Брус Вилијамс, но бил отпуштен од нејасни причини.
Фланаган по полициската потера самиот си го одземал животот. Еден сообраќаен полицаец, на другиот крај на Вирџинија, на 275 километри од местото на убиството, го забележал и се обидел да го сопре. Фланаган тогаш слетал од патот со автомобилот и се застрелал, а починал во болница во близина на Вашингтон.
Кратко по крвавиот поход, на својот профил на Твитер, напаѓачот загинатата новинарка ја обвинил за расистички коментари, и напишал дека камерманот кој загинал некогаш се пожалил од него во службата за човечки ресурси. На Твитер објавил и видео од злосторството. На снимката се гледа како со пиштолот во рака им се приближува на жртвите, и како ги застрелува. На неговата снимка се слушаат 14 истрели, иако снимката од камерата на камерманот забележала осум.
Наводно, сам испратил манифест до АБЦ, каде објаснува дека бил цел на дискриминација и злоставување во телевизијата каде работел претходно, а каде сега работеле неговите жртви затоа што бил афроамериканец и хомосексуалец. Како повод бил масакрот во црквата во Чарлстон, кој од расистички побуди пред неколку месеци ја починил млад белец над афроамериканци.
Новинарката и снимателот на телевизиската станица WBDJ, беа убиени во средата наутро, кога ги застрела вооружениот Фланаган за време на јавување во живо од трговскиот ланец во сојузната држава Вирџинија.
24-годишната новинарка Алисон Паркер, и 27-годишниот камерман Адам Ворд, ја интервјуирале Вики Гарднер од локалната трговска комора во трговскиот центар, кога во кадар влегол напаѓачот и истрелал осум куршуми. Во пукањето тешко била повредена соговорничката Вики Гарднер.
Видео од новинарската кариера на убиецот



