Published: Thursday, August 27, 2015 11:26
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан изјави дека Србија предводена од премиерот Александар Вучиќ претставува фактор на стабилност во регионот и изрази надеж дека на почетокот на следната година ќе биде отворено првото преговарачко поглавје со Србија.
– Србија со премиерот Вучиќ стана фактор на стабилност во целиот регион. Неговиот придонес за помирување, како неодамна со БиХ и со Албанија, треба да биде признат, истакна Хан.
Тој нагласи дека најновиот напредок во дијалогот со Косово треба да ја отстрани последната препрека на патот кон почеток на преговорите со ЕУ.




