Три лица се уапсени под сомнение дека се вмешани во смртта на над седумдесет мигрантите чии тела беа пронајдени во четвртокот утрото во камион паркиран на автопатот кој ги поврзува Австрија и Унгарија, објавија претставници на австриското министерство за внатрешни работи. Уапсени се Бугарин и Унгарец, кои управувале со камионот и уште едно лица со двојно државјанство, унгарско и либанско.
„Од вкупно 71 луѓе, 59 се мажи, осум се жени и четири се деца, од кои девојченце на една до двегодишна возраст“, изјави на прес-конференцијата во источната австриска покраина Градишче, портпаролот Ханс Доскозил. Додаде дека во камионот биле откриени некои сириски документи, но засега не може прецизно да се одреди националноста и идентитетот на жртвите.
Според австриската полиција, мигрантите биле натрупани во приколката на камионот каде што практично не можеле да дишат, а возачот ги игнорирал нивните постојани барања за запре и без сопирање возел од српско-унгарската граница до Австрија.




