НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Година без лето“ од Танчева-Златева добитник на наградата „Браќа Миладиновци“

0
By Нова ТВ on August 29, 2015 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Книгата „Година без лето“ од Виолета Танчева-Златева е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра стихозбирка на македонски јазик објавена меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата за 2015 година.

Претседателот на жири-комисијата, професорот Зоран Анчевски на денешната прес-конференција каде беше соопштен добитникот, посочи дека авторката недвосмислено покажува оти е поет во вистинска смисла на зборот. Во исто време, додаде, не претендира нејзината поезија да се одликува со длабока симболика или пак со изнасилен излив кој не дозволува нејзината поезија да биде само неконтролиран излив на емоции.

– Во книгата Танчева – Златева остварува еден завидно зрел стилски баланс на поетскиот израз, што внимателно се држи до традиционалното пеење, но без зазор од иновацијата и експериментот во ритмиката и музиката на песната. Иако општиот впечаток е дека книгата зрачи со ненаметлив и тивок лиризам, тој е само привидно таков, бидејќи Танчева-Златева многу умешно и дозирано користи необични решенија со чија помош постигнува ненадејни, очудени пресврти и необични завршници на своите поетски творби, истакна Анчевски.

Токму затоа, додаде тој, поетскиот јазик на Танчева-Златева се искрева на едно завидно високо рамниште, што во моментов ја прави еден од најинтересните и најзрелите поетски гласови во современите текови на нашата поетска традиција.

– Во „Година без лето“ се поместени повеќе песни кои поттикнуваат неколкукратни читателски навраќања и промислувања за поетските слики, визии и промисли. Се надеваме дека таквата рецепција ќе ја доживеат не само кај македонскиот читател, туку и секаде каде што ќе се најде препевот што оваа поетска книга ќе го доживее, рече претседателот на жири-комисијата Анчевски.

Наградата „Браќа Миладиновци“, според директорот на Струшките вечери на поезијата“ Мите Стефоски, значи одлика на она што било продукција меѓу двете фестивалски изданија.

– Првпат годинава на конкурсот пристигнаа 50 книги, што го кажува интересот за поезијата во македонската книжевна средина, рече Стефоски.

На конкурсот за наградата „Браќа Миладиновци“ пристигнаа 50 поетски книги, а во потесен круг влегоа „Киноутро“ од Јовица Ивановски, „Слики“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска, „Се случува вечност“ од Радован Павловски, „Година без лето“ од Виолета Танчева-Златева и „Премостување на мигот“ од Тодор Чаловски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ОН: САД го намалуваат финансирањето за мировните мисии, на цивилите им се заканува опасност

September 3, 2025

СЗО: Депресијата и анксиозноста ја чинат глобалната економија трилион долари годишно

September 2, 2025

Денови на европско наследство 2025 посветени на архитектурата

September 2, 2025

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025
ФОКУС

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

ВЕСТИ September 3, 2025

Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако…

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.