Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истрагата со први детали за смртта на бегалците во Австрија

0
By Нова ТВ on August 29, 2015 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 29, 2015 18:33

Истрагата во Австрија и Унгарија ги открива првите детали за смртта на 71 бегалец кои беа пронајдени во четвртокот на еден австриски автопат.

Според првите информации на австриската полиција кај жртвите биле пронајдени сириски патни документи што наведува на заклучокот дека сите тие бегале од војната во Сирија. Полицијата нашла и СИМ телефонски карти кои исто така ги проверува.

Камионот за мртвите бегалци бил пронајден блиску до Парндорф во близина на унгарската граница. Внатре биле пронајдени тела на 59 мажи, 8 жени и 4 деца од кои едно девојче од една до две години и три момчиња на возраст од 8 до 10 години.

Агенцијата АФП јавува дека според унгарската полиција, бегалците влегле во камионот во близина на унгарскиот град Кечкемет на стотина километри на север од српската граница а тие до Унгарија стасале преку Србија и најверојатно Македонија.

Истрагата се обидува да го открие идентитетот на жртвите преку нивни отисоци и ДНК како и забите. Нивните лица, вели полицијата, се тешко препознатливи бидејќи телата се пронајдени во напредната фаза на распаѓање. Полицијата отвори и телефонска линија за лицата кои мислат дека помеѓу жртвите би можело да има нивни блиски. Бројот +43 59133 10 3333 е отворен 24 часа а за разговор со оние кои се јавуваат се ангажирани преведувачи.

Во саботата беше извршена аутопсија на телата во Виена за да се утврди точниот час на нивната смрт. Извештајот на аутопсијата се уште не е објавен но според полицијата, јавува АФП, жртвите биле загушени и починале еден и пол или два дена пред нивните тела да бидат откриени.

Вратите на камионот биле заклучани и врзани со кабли. Жртвите биле легнати една врз друга на простор од 15 квадратни метри. Полицијата се обидува да открие дали системот на ладење на камионот дозволил да влезе воздух.

Штетите во камионот покажуваат дека бегалците се чини се обидувале да излезат но полицијата вели дека овие траги се можеби постари и тоа допрва ќе се утврдува.

Камионот и припаѓал на една словачка фирма, имал унгарска регистрација и бил пријавен како сопственост на еден од четворицата уапсени од страна на унгарската полиција. Станува збор за тројца Бугари и еден Авганистанец. Полицијата мисли дека овие осомничени лица кои имаат 30 и 40 години, се само извршители на многубројните банди на шверцери со луѓе кои заработуваат десетици илјади евра од транспортот на бегалците кон Европа.

По завршувањето на аутопсиите жртвите ќе бидат погребани во близина на местото каде што биле пронајдени во Австрија.

Четворицата осомничени вчера беа изведени на суд во Кечкемет и се наоѓаат во притвор кој може да биде продолжен до 29 септември. Обвинителот побара четворицата осомничени да останат во притвор поради «посебната природа» на злосторството за кое се осомничени. Австрија би можела да побара нивна екстрадиција.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.