Published: Sunday, August 30, 2015 01:36
Два дена по откривањето на камионот во кој беа пронајдени 71 починати бегалци во Австрија, во саботата е откриена нова драма од овој вид.
Австриската полиција соопшти дека бил сопрен друг камион на западот на земјата каде што имало 26 бегалци помеѓу кои три мали деца. Децата биле многу дехдрирани и пренесени во болница во “екстремно тешка состојба”, велат властите.
“Доколку патувањето се продолжело ситуацијата ќе станела критична”, изјавил портпарол на австриската полиција.
Камионот бил сопрен иако шоферот прво одбил да застане за време на една рутинска контрола на автопатот блиску од градот Браунау ам Ин во близина на германската граница.
Во камионот имало 26 бегалци од Сирија, Бангладеш и Авганистан. Сите сакале да стасаат до Германија.




