НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Град Скопје ја одобри изградбата на Шпанските скали

0
By Нова ТВ on August 31, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со 24 гласа „за“ и 10 „против“, советниците на Град Скопје на денешната седница дадоа согласност и право на градење на Шпанските скали на Плоштад Македонија.

Шпанските скали се партерен дел, надворешни скали од објектот за комерцијални и деловни намени во неокласичен стил.

Општина Центар издаде дозвола за изградба на објектот, а советниците на Град Скопје денеска дадоа зелено светло и за скалите, бидејќи површината на која тие треба да се градат е под надлежност на Градот.

Според идејното решение на Министерството за транспорт, зградата, во чиј склоп ќе бидат и скалите ќе биде висока 16 метри, односно приземје плус 3 ката.

Освен скалите, од двете страни на главниот влез ќе има две кочии со коњи, а низ целиот објект од надворешната страна ќе има околу 25 скулптури.

Скалите ќе ги гради компанијата „Амадеус груп“. На електронската аукција фирмата понуди 93.100 денари за метар квадратен или вкупно 1.580.000 евра за парцелата од 1046 квадрати на која е планиран објект за комерцијални и деловни намени во стил на барок.

За изградба на барокната зграда инв еститорот беше ослободен од комуналии.

Според потпретседателот на СДСМ – Дамјан Манчевски, се работи за државен рекет.Тој тврди дека инвеститорот бил ослободен од комуналиите, но од него е побарано да го компензира ослободувањето со градба на т.н. Шпански скали на негова сметка.

-На седницата на советот на Скопје, во февруари 2015 година, владејачкото мнозинство донесе одлука за ослободување на инвеститорот „Амадеус Груп“ од плаќање на комуналии за барокна зграда на плоштад Македонија во вредност од 150 000 евра. Уште тогаш предупредувавме дека се работи за државен рекет, односно дека многу брзо од инвеститорот ќе биде побарано да го компензира ослободувањето со градба на т.н. Шпански скали на негова сметка.

Денес сме сведоци токму на тоа. На инвеститорот, надовно одеднаш му текнало и решил од сопствени средства да ги изради Шпанските скали. Да немаме никакви дилеми, ова му текнало на криминалецот Никола Груевски. Личи на него и провидно е како него Ова е само продолжение на газењето на волјата на граѓаните, особено на граѓаните на Центар, кои му кажуваат силно НЕ на Скопје 2012, изјави Манчевски денеска пред почетокот на седницата на Град Скопје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.