Published: Tuesday, September 1, 2015 12:27
Српскиот и албанскиот премиер, Александар Вучиќ и Еди Рама во телевизиска емисија под наслов „Опкружување“ се согласија за многу од прашањата, кои се однесуваат на иднината на двете земји и подобрување на животот на граѓаните, а ставовите им останаа целосно различни кога е во прашање Косово.
Сепак и Вучиќ и Рама порачаа дека несогласувањето околу Косово не смее да ги оневозможува дијалогот и соработката, оценувајќи дека односите меѓу нив не се најголемиот проблем на Балканот.
Вучиќ смета дека најтешко балканско прашање е Босна и Херцеговина.
– Мислам дека БиХ ќе биде најголем проблем…Ние имаме одлични односи со БиХ, ја сакаме Република Српска, но сметам дека сум во право, рече тој.




