Граѓанскиот активист и опозиционер Гиорги Какук е уапсен од страна на унгарската полиција откако демонстративно ја пресече бодликавата жица поставена неодамна на унгарско-српската граница.
Тој заедно со српската новинарка и активистка Милица Манчиќ ја пресече оградата во близина на Роска во јужниот дел на Унгарија.
Тие сметаат дека поставувањето на оградата е бесмислено а и не придонело да се намали бројот на бегалци кои доаѓаат во Унгарија.
– Во исто време, тоа е спротивно на основните принципи на Европската унија и на борбата против криумчарењето на луѓе. Оградата служи како изговор за на бегалците да им наплаќаат високи цени за влез во Шенген зоната, рече Какук.
Унгарската полиција соопшти дека со сечењето на жичаната ограда, Какук извршил кривично дело против државниот имот.




