Извршниот претседател на ФК Динамо, Здравко Мамиќ е уапсен, неофицијално дознава “Јутарњи лист”.
Според нивните информации, Мамиќ е уапсен заради говор на поттикнување на насилство и омраза- во утринската емисија на Радио Саундсет , изјавил како министерот за образование и спорт Жељко Јовановиќ “мрази се што е хрватско” и дека “како Србин кој не работел во образование и спорт, не може да го води тој најважен ресор во Хрватска”.