Во производите на „Халал“ во Норвешка кои се наменети за муслиманскиот свет пронајдено е свинско месо. Норвешките власти ќе го тужат производителот на месо Курас бидејќи во производите се пронајдени големи количини на свинско месо.
-Ќе го тужиме производителот бидејќи во производите воопшто не треба да има свинско месо. Кога во производи кои се декларирани дека не содржат ваков вид месо ќе пронајдете огромни количини свинско тогаш тоа е голема измама велат во Норвешката агенција за храна.
Произведувачот се правдал дека фактурите покажале непостоење на дотур на свинско месо во нивните производи.
Минатиот месец Европа ја тресеше аферата со коњско месо во производите декларирани дека содржат говедско. Оваа обмана на потрошувачите во јавноста беше протолкувана како обид за заработка на произведувачите во трката за евтина храна.