Снежно невреме владее низ Европа. Снегот парализира голем дел од балканските земјите. Најкритично е во Словачка и Полска каде загинаа две лица.
Поради нервемето во Словонија два автобуса слетале од патот, повредените патници се пренесени во болница.
Во Унгарија снегот ги прикова патниците на патиштата повеќе од 20 часа. Четири авобуси со деца од Хрватска останаа 12 часа заглавени на автопатот заради снежната виулица и ланчаниот судар. Унгарските власти со тенкови се пробиваат до населените места кои се заробени од снегот.
-Ситуацијата е најкритична на автопатот М1 кој ја поврзува Будимпешта со Виена каде што стотици автомобили се заробени во снегот изјави Мартон Хајду, портпарол на унгарската Управа за кризни ситуации.
Снежните наноси на автопатот на некои места се високи и до еден метар, а социјалните мрежи се преполни со повици за помош за луѓето заробени во возилата јавуваат медиумите.