Турската полиција вчера уапси четворица шверцери со луѓе под сомнение дека се виновни за трaгедијата на бродот во кој загинаа 12 бегалци помеѓу кои и малиот Ајлан.
Четворицата уапсени се со сиријско државјанство имаат помеѓу 30 и 41 година. Тие го организирале заминувањето на бродот со бегалци за Грција и се обвинети од судот во Бодрум за убиство и шверц на луѓе, пишува весникот Хуријет.
Дванаестмината сиријски бегалци загинаа во ноќта помеѓу вторникот и средата во водите кај Бодрум кога се обидуваа да стааат на островот Кос во Грција. Помеѓу нив беше и малиот Ајлан, 3 години, чие што мртво тела на плажата го возбуди целиот свет.
Ајлан, неговиот брат Галеб кој имаше 5 години и мајката Риана беа погребани во Кобане на северот на Сирија. Семејството ја напушти Сирија и избега во Турција по последната офанзива на групата Исламска држава во јуни.
Помеѓу Бодрум и Кос бегалците плаќаат суми од 900 евра за минување на најкусиот морски премин помеѓу Турција и Европа. Турските власти велат дека во текот на оваа 2015 година спасиле повеќе од 42.000 бегалци кои се обидуваат да стасаат во Европа.




