Published: Sunday, September 6, 2015 15:57
Доцна синоќа, романската полиција го уапсила градоначалникот на главниот град, Сорин Опрсеку под сомнение за поткуп.
Според Единицата за антикорупција, тој прифатил поткуп од 25 илјади евра.
Од обвинителството посочуваат дека во периодот 2013 – 2015 година компаниите кои имаат договори со општината во Букурешт, биле обврзани да плаќаат до 70% од својата добивка од проектите на високите функционери. Околу 10% од нив оделе директно за Опреску.
Опреску е градоначалник на Букурешт од 2008 година. Во 2009 година тој беше кандидат за претседател на Романија.




