Published: Sunday, September 6, 2015 17:22
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Францис соопшти дека Ватикан ќе прифати две семејства-бегалци, а го повика секој сегмент на католичката црква да ја отвори вратата за мигрантите и да го направи истото.
Тој денеска ги повика сите верски заедници, секој манастир и црква низ целата Европа да им помогнат на бегалците.
Папата Францис смета дека тоа би бил конкретен гест за одбележувањето на Христијанскиот јубилеј (Светата година на милосрдие) кој почнува на 8.декември годинава.
Неговиот денешен говор на плоштадот Св. Петар бил проследен со голем аплауз, пишува Ројтерс.




