Груевски нема храброст целосно да ги чита извештаите на меѓународните финансиски институции, затоа изгледа зборува за привиденија, реагираат од опозициската СДСМ. Според партијата, очигледно е дека никој од меѓународните финансиски институции повеќе не сака да седне јавно пред камери во иста просторија со кој било од неговата Влада.
ММФ во извештајот што му го испрати го наведува токму тоа на што посочуваме. Актуелната Влада од 2008 година двојно го зголемила јавниот долг, односно двојно ги задолжила граѓаните. Пониските приходи и најавените расходи ќе го зголемуваат дефицитот и тој ќе порасне далеку над планираниот со Буџетот, што значи нови задолжувања.
ММФ децидно вели дека е неопходно спроведување на политичкиот договор како основа за стабилизирање на економијата.“, стои во соопштението на СДСМ.
Тој договор подразбира специјален обвинител и оставка на Груевски. Она од што најмногу се плаши Груевски, ММФ го наведува како услов за економски остварувања.