Шефицата на француската екстремна десница Марин Ле Пен ја обвини Германија дека бегалците ги примала бидејќи сакала да ги намали платите и да вработи „робови“.
– Германија веројатно мисли дека населението и изумира, а сака и да ги намали платите и да продолжи да вработува робови, благодарејќи на масовното вселување, изјавила Ле Пен на состанокот со нејзините приврзаници во Марсеј.
Таа ја обвини Германија дека сакала да управува со француската економија, и сакала да ја принуди земјата да прифати стотина илјади баратели на азил.
– Франција нема можност ниту сака да ја отвори вратата за светската беда, смета Ле Пен.
Германската Влада, по преговорите до доцна во ноќта со партнерите од владејачката коалиција, соопшти дека ќе обезбеди шест милијарди евра за прифаќање на бегалците.




