НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Шо ми прајте бе во дворо?“ со серија настани до 19 септември

0
By Нова ТВ on September 7, 2015 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Низата настани насловена „Шо ми прајте бе во дворо?“ ќе се одржи од 8 до 19 септември во Мобилната/монтажна галерија на ЦСУ, која е моментално лоцирана во двор на ул. Томки Димитровски бр.18 во Битола.

„Шо ми прајте бе во дворо?“ е серија настани кои произлегле од неколкумесечната (април-август 2015 год.) работа во рамки на проектот „Мобилна култура – солидарни граѓани” и концептот на прoграмата на овогодинешното издание на АКТО 10 фестивалот за современа уметност.

Оваа серија ја отвора самостојната изложба на цртежи на Елена Ѓорѓиевска на 8 септември (18ч), потоа следува:

2.Групна изложба на фотографии Вера Христовска, Маџит Бајрамов, Александар Буневски, Марија Петровска, Весна Тирицовска, Кети Талевска, Симона Калица 12 – 15.09/ 21:00-23:00 часот 14.09/ 20 часот /работилница (аналогна и дигитална фотографија)

3. Дискусија “Улогата на уметникот, културниот и физичкиот работник во време на револуција”, која ќе ја води литванскиот уметник Redas Dirzys (Редас Диржис) во соработка со уметничката група ЕЛЕМЕНТИ. 16.09.2015/ 21 часот

4. Проекција на филмови од академијата за мултимедија во Љубљана Универзитет во Нова Горица, Висока школа за уметност / University of Nova Gorica School of arts 17.09.2015/ 20 часот

5. „На Битола со љубов, одново“, Ѓорѓе Јовановиќ 19.09.2015/ 18 часот

6. „Спорни места”, самостојна изложба на Оливер Мусовиќ и Гвијанг Хванг 19.09.2015/ 20 часот

– Зошто во дворот? Оваа серија на настани е продолжение на програмските активности во рамки на Мобилна/монтажна галерија на ЦСУ (Центарот за современи уметности од Скопје) која беше поставена во Битола за време на АКТО 10. Поточно не добивме можност од страна на Општина Битола за поставување на Мобилна/монтажна галерија на ЦСУ во јавен простор и со самото тоа моравме да користиме приватни простори за јавни настани, па затоа Мобилната/монтажна галерија ја поставивме во приватен двор на ул. Томаки Димитровски бр.18,

Шо ми прајте бе во дворо? е локален битолски израз кој има значење кое симболично ја потенцира приватната сопственост на одреден простор/место и ја доведува во врска со значењето и начините на користење на јавен простор за изведба на уметнички настани на граѓани.

Поточно, која е можноста на граѓаните за користење на јавните простори во РМ и како тоа се дефинира во времиња кога се случува нивна насилна (физичка) узурпација, посебно во изминатите 5-6 години?

Во таа смисла, прашањето кое го поставуваат настаните кои се изложени во галеријата во рамки на настанот со наслов Шо ми прајте бе во дворо? во Мобилна/монтажна галерија на ЦСУ се однесуваат на користење на различни практики и постапки во третирањето на оваа тема, односно на врската (влијанието) на современата уметност и активизмот во креирањето на ангажиран однос со јавниот дискурс во еден локален општествен контекст, вели Филип Јовановски, уметнички директор на фестивалот АКТО.

Настанот е во организација на здружението за култура и уметност „Факултет за работи што не се учат“ како дел од програмските активности на АКТО фестивалот за современа уметност во рамки на Мобилната/ монтажна галерија на ЦСУ како партнери на настанот. Соработници: Благојче Цветковски, Христијан Атанасовски, Кети Талевска, Михајло Џима, Ана Џима, Вера Христовска, Наташа Бошковска, Елена Ѓорѓиевска, Барбара Петруловска, Андријан Наумовски, Ивана Васева, Филип Јовановски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ОН: САД го намалуваат финансирањето за мировните мисии, на цивилите им се заканува опасност

September 3, 2025

СЗО: Депресијата и анксиозноста ја чинат глобалната економија трилион долари годишно

September 2, 2025

Денови на европско наследство 2025 посветени на архитектурата

September 2, 2025

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025
ФОКУС

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

ВЕСТИ September 3, 2025

Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако…

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.