САД ќе распоредат дополнителни копнени ракети пресретнувачи на Западниот брег како дел од напорите за подобрување на способноста на нацијата да се одбрани од напад од страна на Северна Кореја, изјави секретарот за одбрана Чак Хејгел, јавува Си-Ен-Ен.
Шефот на Пентагон им изјави на новинарите дека 14 дополнителни пресретнувачи ќе бидат инсталирани до 2017 година, што ќе бидат вкупно 44 и се очекува да целата опреација да чини 1 милијарда долари.
“Причината поради која ова го правиме и зошто всушност ја унапредуваме нашата програма за домашна безбедност е да се остане буден пред заканата и да се обезбеди било каков непредвиден случај”, изјави Хејгел.