Фудбалскиот склуб Париз Сент Жермен од Франција, денеска соопшти дека ќе донира еден милион евра во бегалската криза.
Со тоа, ПСЖ им се приклучува на португалскиот клуб Порто и шпанскиот Реал Мадрид во залагањата, во време кога УЕФА потврди дека од секој продаден билет од Лигата на Шампионите и Европа Лигата ќе се издвојуваат по 1 евро за бегалците.
– Со години реализираме проекти како би им помогнале на ранливата категорија деца во Франција. Сега со задоволство можеме да кажеме дека ќе одговориме и на бегалската криза, изјави претседателот на фондот „Секјур Популер“, Жулиан Лопретр.
Илјадници луѓе ја напуштаат Сирија секојдневно изминатава недела и бараат среќа во Европа, со што се мобилизираа и фудбалските клубови на барање на португалскиот шампион Порто за да се вклучат во решавањето на кризата.




