Поранешниот министер за надворешни работи на Србија и актуелен претседавач со Генералното собрание на ОН, Вук Јеремиќ, синоќа беше исклучен од Демократската партија.
ДС донесе ваква одлука откако Јеремиќ одби да го врати пратеничкиот мандат со што не ја испочитувал одлуката на Главниот одбор на ДС и статутот на партијата.
Јеремиќ на 19 февруари до Уставниот суд на Србија поднесе иницијатива за оценка на уставноста и законитоста на одлуката за негово исклучување.