НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вечерва почнува Струмичкиот карневал

0
By on March 16, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дени Делев и Верица Милушева се принцот и принцезата, кои вечерва ќе ја предводат триилјадната интернационална поворка под маски на традиционалниот Струмички карневал.

Со синоќешниот маскенбал во хотелот Сириус официјално почна годинашниот Струмички карневал 2013. Учесниците на маскенбалот за принц и принцеза на карневалот ги избраа принцот и принцезата кои заедно со кралот, актерот Ване Крстев, ќе ја предводат интернационалната карневалска поворка.

Според Александар Цицимов, претседател на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал 2013, годинава во карневалската поворка ќе има над 2.500 домашни и околу 650 учесници.

Свое присуство на карневалот најавија 26 екипи од соседните земји, а за првпат на карневалот ќе настапи и група од збратимениот град Гроједски од Полска. Традиционално почетокот на карневалот ќе го означи со голем огномет.

Градоначалникот на Струмица Зоран Заев, кој беше маскиран како „оган“, а неговата сопруга Зорица во „мраз“, вели дека Струмица е подготвена и со широко отворено срце ќе укаже добредојде на сите љубители на карневалот.

Во рамките на седумдневните карневалски празнувања утре точно напладне на плоштадот „Гоце Делчев“ ќе продефилираат најмалите карневалчиња.

На претпоследниот карневалски ден, во вторник, кој традиционално беше ден на големиот карневал по втор пат годинава по струмичкото корзо ќе продефилираат наградените маски од Интернационалната карневалска вечер, а наградите на најуспешните ќе им бидат доделени во Домот на културата. Наградниот фонд годинава изнесува 5.380 евра за осум категории.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.